Јавен повик од Гази Баба за доброволци да се вклучат во акциите


Општина Гази Баба апелира до сите граѓани на Град Скопје и сите граѓани на Република Македонија, кои имаат желба, волја, време и простор, да се вклучат како доброволци во акциите за справување со последиците од обилните врнежи и катастрофалното невреме кое ја зафати нашата општина.popla67

Сите граѓани кои сакаат да се вклучат во акциите за чистење на теренот, може да се пријават во општината Гази Баба на телефонскиот број 02 322 6655, или пак во три временски интервали, односно во 10, 13 и 17 часот да дојдат во просториите на општината(адреса ул. Архимедова бр.2), од каде што организирано ќе бидат однесени до населените места каде што се спроведуваат акциите. Пожелно е оние граѓани кои ќе се вклучат во акциите доколку се во можност да понесат со себе и определен соодветен алат кој ќе им помогне во работата.

Граѓани на Сккопје и на Македонија, повеќе од добредојдени сте да помогнете да се справиме со заеднички сили со оваа природна непогода, се вели во повикот од Гази Баба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1