На интернет се појави уште една нова видеоснимка која го прикажува смртоносниот скок од удавениот Словенец Андреј Беуц во Дрина.
На снимката се гледа како Андреј на скокалницата го качуваат со дигалка, по што тој со рацете ги поздравува присутните набљудувачи. Потоа скока во водата, а веќе во следниот кадар спасувачите тргнуваат на местото на кое Андреј потонал. Исплашената топла луѓе на брегот тргнува во насока на текот на реката со надеж дека скокачот ќе исплива, но тоа не се случува.
Сѐуште останува енигма како и зошто Беуц се удавил, а денеска беше пронајден 15 километри од местото на скокање.