Во поплавените подрачја во Општина Аеродром од вчера почна процес на дезинфекција на домовите, кои беа зафатени од катастрофалната поплава.
Од општината информираат дека во соработка со Институтот за јавно здравје, екипите за дезинфекција почнале од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, ќе следат улицата „Мите Богоевски“ во населбата Лисиче, како и на други локации каде се веќе отстранети калта, водата и оштетената покуќнина.