Чавков: Евакуирани се над 2.500 лица и укажана е медицинска помош на над 500 лица (ВИДЕО)


Од страна на МВР за ефикасно справување со последиците од невремето, а согласно упатството за оперативни постапки во услови на кризна состојба, беа преземени активности на брзо излегување на местото и за таа цел од страна на СВР Скопје изготвен е план за мерки на превенција, рано спречување и справување во услови со кризни состојби.cavkov

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, информирајќи за активностите преземени од страна на МВР за помош и расчистување на подрачјата погодени од поплавите.

-Се формираше штаб кој ги координираше работите на терен. Министерството ги стави во функција сите човечки и материјално-технички ресурси со коишто располага. За спасување на лица и пронаоѓање на исчезнати лица ангажирани се припадници на СВР Скопје, единиците за специјални операции и хеликоптерската единица. Од одделот за специјални операции од периодот од 6 до 12 .08.2016 година, ангажирани се над 2000 припадници со моторни возила, специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во спасување на лица, евакуирање, укажување на медицинска помош, извлекување на возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода, чистење на јами, речни корита и одводни канали. МВР на дневна основа ангажира 200-300 полициски службеници и 24-часовно покривање на кризното подрачје. За поефикасно следење на активностите беше формиран оперативен штаб. По утврдената динамика на работење согласно насоките од дежурен јавен обвинител, екипи од МВР и тим од погребално претпријатие „Бутел“ беа пронајдени, идентификувани и документирани 22 случаи на починати лица, сите македонски државјани. 18 од нив се со живеалиште во општина Гази Баба, 2 од Крива Паланка и по едно лице од Тетово и Куманово. Како исчезнато лице во моментов е евидентирано 16-месечно бебе, истакна Чавков.

Евакуирани се над 2500 лица и укажана е медицинска помош на над 500 лица во исклучително опасни услови по живот.

Припадниците на МВР вршат 24-часовно полициско патролирање на целиот простор, а преземаат координирани мерки и активности за контролирање на сообраќајот во и надвор од подрачјето.

Целокупниот простор вил пребаран, а биле идентификувани сопствениците на патничките и товарните моторни возила зафатени од невремето, а возилата биле дислоцирани до нивните сопственици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1