Тодоров: Војниците и полицајците си ги ризикуваа своите животи за да ги спасат поплавените


Штетата ќе биде надоместена, нам не боли што во невремето животот го изгубија 22 луѓе, вели за ТВ Нова вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.todorov433

-Сите беа на терен, војската и полицијата веднаш интервенираа. Тогаш беше првиот брифинг, информациите беа дека станува збор за страшна природна непогода и веднаш се договоривме како да се преземат мерки. Првата одлука беше да се започне со прва фаза која е се прави во случај на природна непогода. Тоа е фаза на пребарување и спасување. Целиот регион го поделивме на три сектори, вели Тодоров.

Тој вели дека полицијата и војската имале обврска да се пребара секоја педа, да се спасат преживеани.

-Тие си го ризикуваа својот живот. Првите два дена не спиевме, ниту координаторите, ниту полицијата или војската. Ги сплотивме ресурсите и добро се координиравме, вели Тодоров.

Тој додава дека што се случувало во погодените подрачја наликувало на сцени од хорор филм, апокалиптични и страшни слики, водата носела сè пред себе.

-Улици, возила, буквално сè носеше водата. Сите се координиравме. Градоначалниците Коце Трајановски, Тони Трајковски, министерот Дритон Кучи, од првиот момент беа на терен, изјави Тодоров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1