Дваесет и девет годишна жена од Свети Николе пријавила дека вчера напладне додека нејзината петнаесетгодишна роднина од Куманово, која била кај неа на гости, возела велосипед, пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган.
Девојчето продолжило со движењето, по што и раскажало на својата роднина.
По овластување на Основното јавно обвинителство Штип во просториите на ПС ОН Свети Николе, во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето, по што е извршено препознавање на лицето.
Се работи за К.Т. (28) од Свети Николе. По документирање на настанот од страна на ПС ОН Свети Николе ќе биде поднесена кривична пријава,