За седум месеци регистрирани околу 700 новозаболени од канцер во Косово


Бројот на новозаболени лица од канцер во Косово е во постојан пораст, што предизвикува голема вознемиреност меѓу населнието, јави дописникот на МИА.hemoterapija3

Само во периодот јануари-јули годинава во Клиниката за онкологија во клиничката болница во Приштина се дијагностицирани 690 нови случаи на лица заболени од канцер, што претставува двојно поголем број споредено со истиот период лани.

Според директорот на Институтот за онкологија при приштинскиот Универзитетки и клинички центар, Екрем Хисени, најприсутен е ракот на дојка и на белите дробови.

– Од 690-те пациенти кај кои годинава е дијагностициран канцер, набројни или 168 случаи се жени со рак на дојка, додека останатите случаи отпаѓаат на рак на бели дробови, па на гастроинтестиналниот тракт, вели Хисени.

Инаку, во Косово во текот на цела 2015 година биле регистрирани 808 нови случаи на заболени од рак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1