Силни грмотевици и пороен дожд во Скопје


Силни електрични празнења проследени со врнежи од дожд и силен ветар го зафатија попладнево Скопје.grom dozd nevreme

Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.

И во Скопската котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Стадата животни да се групираат во помали групи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1