Џејди Дуарте, која со Болт го прослави неговиот 30 роденден, има две деца со Даглас Донато Переира кој беше застрелан од полицијата во март годинава.
Девојката која сподели фотографии од кревет со олимпискиот шампион Јусеин Болт всушност е далеку од наивна и срамежлива. Студентката Џејди (20) е вдовица на еден од најпознатите и најозогласени нарко-босови во Рио де Жанеиро, пренесуваат светските медиуми. По објавување на фотографиите во медиумите таа тврдеше дека не знаела со кого спиела додавајќи дека се срами што истите се појавиле и дека воопшто не сакала да таков начин да стане славна.
Сега починатиот нарко-бос бил под истрага за бројни кривични дела, меѓу кои брутално мачење и убиство на тинејџерка во 2014 година.