Првпат во 20 години – Месојадно растение пронајдено во Преспанско Езеро


Ретко месојадно растение било најдено во Преспанско Езеро за време на редовна набљудувачка сесија, соопштила Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), пишува Екологист.мкmesojado-rastenie

Станува збор за водно растение со латинско име Aldrovanda vesiculosa, кое од Меѓународната унија го нарекуваат и растение воденица (waterwheel plant) поради неговата форма. Ова е првпат по 20 години ваков вид да се најде во Преспа, и во Македонија воопшто. На листата на IUCN видот е категоризиран како загрозен. Фактори што негативно влијаат на неговиот опстанок се урбаниот развој, земјоделството, прекумерното користење на водите, нарушувањето на екосистемите и загадувањето.

Станува збор за растение кое нема корен, само стебло долго од шест до 40 сантиметри, и листови наредени во круг, кои на краевите се во форма на чашки (оттаму асоцијацијата со воденичарско тркало). Со нив растението фаќа мали водни инсекти и безрбетници, со кои се прехранува. Тоа е едно од ретките растенија во светот што е способно да изведува брзи движења. Поради нарушувањето на екосистемите, одржливи популации опстанале на само педесетина места во светот, во Европа, Африка, Азија и во Австралија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1