Жител на Кочани пронајден мртов во својот автомобил


Шеесет и тригодишен жител на Кочани вчера бил најден мртов во неговото возило.policija svetla mk

Вчера околу 17.30 часот на локалниот пат Кочани-одмаралиште „Пониква“, атар на село Лешки, кочанско, во неговото возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат Ј.П (63) од Кочани.

Како што информираат од полицијата, смрт е констатирана од доктор на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1