Рудникот „Злетово“ го рестартира производството


Рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип од денеска повторно ќе почне со работа. Производството во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада треба да го рестартира и рудникот „Тораница“ – Крива Паланка.zletovo rudnik

На јавниот повик од Владата за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за „Злетово“ и „Тораница“, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“, „Минстрој“ достави највисока понуда. Ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиони евра.

За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.

На потпишувањето на договорот со Владата во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000-те вработени и оти ќе ги исплати заостанатите плати.

Свеченоста по повод рестартирањето ќе се одржи на платото за истовар на руда во „Злетово“, каде ќе се обрати министерот за економија Дритон Кучи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1