Благодарение на присебноста и умешноста на пилотот, избегната е трагедија на летот од Њу Орлеанс до Орландо, кога на боингот му експлодирал моторот на среде лет. Во моментот на силната експлозија во леталото имало 99 патници и пет членови на екипажот.
Другите патници наведуваат дека авионот почнал да паѓа веднаш по експлозијата и дека во авионот се слушнал врисок на преплашените патници. Набрзо дошло и до пад на притисокот во патничкиот дел, поради што патниците морале да ги стават маските за кислород.
-Пилотот на летото 3472 од Њу Орлеанс до Орландо бил принуден поради механички дефект да го пренасочи авионот на аеродромот Пенсакола. Во инцидентот немало повредени, соопштуваат од авиокомпанијата.