Најмистериозната книга наскоро ќе ѝ биде достапна на јавноста


Една од најенигматичните книги во светот ќе се репродуктира во Шпанија, а станува збор за ракопис на Војнич, напишан на средновековен пергамент на јазик кој ни најголемите криптографи во светот никогаш не успеале да го дешифрираат.

Стотина истражувачи го минале својот живот обидувајќи се да ја дешифрираат таа мистериозна книга со страници испишани со елегантен ракопис, со илустрации од чудни билки и цртежи од голи жени.kniga-3-640x432

Делото ретко излегува од сефот на библиотеката Бејнек во универзитетот Јејл во САД. Но, малата издавачка куќа со седиште на северот на Шпанија, Силое, конечно по 10-годишни напори добила дозвола за репродукција и печатење од речиси 1.000 примероци, на голема радост на директорот на издавачката куќа.

Силое има намера да ја продава секоја репродукција за седум до осум илјади евра, и тврди дека речиси 300 купци веќе резервирале примерок. Рејмонд Клеменс, конзерватор на библиотеката, објаснува дека Јелј одлучил да ги препушти правата за репродукција на делото “бидејќи голем број на луѓе сакале да го консултираат”. Доколку дозволиме манускриптот да се допира толку често, тоа ќе го уништи. Има бројни теории за таинствениот автор на тој ракопис.

Инаку, откриено е дека ракописот настанал помеѓу 1404 и 1438 година. Библиотеката секој месец прима илјада мејлови од лица кои мислат дека ја откриле мистеријата на кодот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1