Вознемирувачко: Крволочни кучиња напаѓаат луѓе на граница, им откинуваат месо


Бегалците и мигрантите се жалат на молчењето на медиумите по повод инцидентите и додаваат: “Не одете на унгарската граница браќа. Патот е затворен, немојте да минувате низ таа тортура”.kucinja policija

Сириските бегалци ги предупредуваат останатите да ја избегнуваат унгарската граница со Србија откако на интернет се појавиле фотографии од, како што наведуваат, раните кои им ги направиле полициските кучиња.

Нападите ги извеле кучињата на унгарската гранична полиција, но нема детали каде точно се случиле. Фотографиите се појавиле пред неколку дена на неколку приватни групи на арапски јазик на Фејсбук, пишува Telegraf.rs.
Фотографиите кои прикажуваат крвави делови од тела и длабоки рани, ги предупредуваат останатите сириски бегалци да ја избегнуваат границата помеѓу Унгарија и Србија кога одат кон Западна Европа. Порталот Vokativ наведува дека Унгарија се граничи и со Романија и Хрватска на алтернативни патишта за бегалците и мигрантите.


Бегалците и групите за заштита на човековите права во повеќе наврати се жалеле на малтретирање од унгарските полицајци на границата со Србија. Reuters пренесува дека братот на еден бегалец, кој се удавил во Тиса во јуни додека ја препливувал реката кон Унгарија, тврди дека бил нападнат од страна на полициски кучиња и дека полицајците фрлале камења кон него. Портпаролот на полицијата тогаш изјавил дека полицијата само користи нехумани третмани за да ги одврати бегалците.granica-srbija-ungarija-begalci-02

Унгарија минатата година поставила жица на границите со Србија и Хрватска, долга околу 500 километри. Оградата помогнала да се намали протокот на бегалците во Унгарија, од 400.000 во текот на 2015. година, на 18.000 оваа година.


Премиерот Виктор Орбан минатата седмица најавил план за изградба на “масовен одбранбен систем на постоечката линија за одбрана”, како и зголемување на бројот на полицајци стационирани на границата, пишува Telegraf.rs.

“Постои нов, изненадувачки варварски начин на однесување на Будимпешта, иако овој пат уште поваварски. Унгарските специјални сили користат многу насилни методи против бегалците, вклучувајќи жени и деца. Се обиделе да ја минат границата, но биле претепани, нападнати од страна на полициските кучиња, и така ранети пратени на медицински третман во Белград”, напишал еден корисник на групата на Фејсбук.


Беглаците и мигрантите исто така се жалат и на молчењето на медиумите по повод инцидентите и додаваат: “Не одете на унгарската граница браќа. Патот е затворен, немојте да минувате низ таа тортура”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1