Облачно и посвежо време со поројни дождови проследени со ретки грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за во вторник и среда.
Поголеми количини воден талог ќе има во западните и јужните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.
Од четврток ќе преовладува облачно, врнежливо, а во попладневните часови повремено и нестабилно време.