Се уште не знае дека мајка и е убиена: Детали за морничавото убиство на Тијана


Марија Ранѓеловиќ, ќерката на трагично убиената Татјана Ранѓеловиќ од Заечар, е сеуште во тешка состојба и се опоравува на одделението на ВМА, а наводно сеуште не е известена дека нејзината мајка починала.

Таа од ударите кои го добила од покојниот татко, има скршена вилица и јаболчната коска.tatjana-randjelovic1-670x523-74731

Според зборовите на пријтелите, таа сеуште не знае дека нејзината мајка е почината.

– Марија наводно се обидела да ја одбрани мајка си од Милен и да спречи да го фрли нејзиниот 8-месечен брат од прозорецот. Не видела кога Милен ја фрлил нејзината мајка од прозорецот, а веднаш потоа брутално ја претепал, па во моментот кога пристигнала полицијата и тој се фрлил од прозорецот. До сега никој не и кажал дека нејзината мајка е почината, раскажал нејзин пријател за “Ало.рс”.

Тој додал дека Марија се уште е под јаки седативи.

– Веднаш е префрлена на ВМА, а кога во еден момент прашала за нејзината мајка и било кажано дека е тешко повредена и дека е во болница во Ниш, се ова со цел да и помогне побрзо да се опорави и да се врати на својата помлада сестра и 8-месечен брат – додава пријателот.

Полицијата неофицијално не успеала да изврши разговор со претепаната девојка, иако таа е единствениот сведок на трагичното убиство. Со оглед на тоа дека неколку дена се наоѓа во тешка здравствена состојба и е под силни седативи, и не е во можност да на полицијата и ги раскаже деталите од трагичното убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1