ХОРОР: Малолетничка киднапирана, продавана и силувана во Гостивар


Полициските инспектори од повеќе служби од вчера започнале истрага во повеќе градови низ Македонија откако 17 годишна девојка во тетовската полиција пријавила дека од јуни до сега била принудувана на сексуални односи, при што цело време била држена затворена.siluvanje

Голготата на девојката започнала во јуни кога двајца непознати од нејзиното село Србиново близу Гостивар ја однеле во Тетово. Таму ја дале на засега непознат човек, кој покрај тоа што ја принудувал да има сексуални односи со луѓе од кои земал пари и ја тепал. По некое време, од страна на тетовчанецот, малолетничката била однесена во Скопје каде друг човек наплаќал од луѓе кои имале односи со девојчето, пренесе Сител.

Последните 30-тина денови, под ваква иста принуда, 17 годишната девојка била и во Струмица каде ја одвел скопјанецот. Сепак во Струмица, според нејзиното кажување, успела телефонски да контактира со нејзиниот татко кој дошол и ја одвел дома.

Инаку во јуни таткото во полиција пријавил дека девојката се оддалечила од дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1