Ампутирани нозете на еден патник – Oва се имињата на настраданите во сообраќајката во Турција


Пет патници се сериозно повредени. Еден од нив, кој едвај бил извлечен од автобусот, е опериран, но неговата состојба и натаму е критична, пишуваат турските медиуми

Еден македонски државјанин на возраст од 40-ина години загина, а 38 се повредени при судир на автобус со македонски туристи и камион, што се случи синоќа во Турција на околу 40 километри до грчко-турската граница.133330323

Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Повредените патници ги извлекувале пожарникари, а истите се пренесени во најблиските болници.

Пет патници се сериозно повредени. Еден патник бил заглавен помеѓу двете возила, кои се залепиле едно со друго. Тој ги изгубил и двете нозе, а и по извршената операција неговата состојба е критична и се наоѓа во животна опасност.

Болницата во Едирне објави дека таму се згрижени патниците: Фидо Атанасоски, Билјана Троноска-Маноилоска, Садике Исмаилова, Лазо Симанов, Хасан Салиев, Изет Салиев, Мартин Атанасоски, Елена Симова, Силвана Атанасоски, Ѓорѓи Ончев.

Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни институции во Турција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1