ВИДЕО: Се заљубил во неа кога имал 9 години, 84 години подоцна уште се сакаат


Кога Томас Хауард бил мало момче, заедно со своето семејство се преселиле на само неколку куќи од љубовта не неговиот живот. Тој вели дека знаел дека ќе биде заљубен во Ајрин уште од моментот кога прв пат ја здогледал.

“Имав само девет години кога првпат ја видов Ајрин и си помислив ‘колку прекрасна девојка, оваа ќе биде мојата девојка’, а мојата љубов кон неа само растеше од тој момент”, вели Томас.tomas

Кога биле тинејџери Ајрин и Томас почнале да одат на долги прошетки во паркот и да седат на задните седишта во киносалата држејќи се за раце. Иако Томас бил добар пријател со нејзиниот брат Френк, тој вели дека Ајрин секогаш била на прво место.
Од 1931 година, Томас и Ајрин го поминувале секој момент заедно, но во 1941 година морале да бидат разделени кога 19 годишниот Томас бил повикан во војска за Втората светска војна.

Тој се вратил дома безбедно и среќната двојка била повторно заедно. Набрзо потоа се преселиле заедно и се венчале во мај, 1945 година.

“Сѐ уште се сакаме после сите овие години. Сѐ уште сум заљубен и горд на неа. Ако ја имам истата среќа да направам сѐ од почеток, пак би се оженил со истата девојка секој пат”, додава Томас. Повеќе за нивната приказна можете да погледнете во видеото…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1