Маж и жена од Бугарија избегнале киднапирање во Тетово


Сопружници од бугарскиот град Ќустеденил се спасиле од заложништво бегајќи од хотел во Тетово па потоа со авто-стоп стигнале до Скопје каде го пријавиле случајот. Двајцата вчера дошле во градот и во угостителски објект се сретнале со двајца тетоци на кои требало да им се потпишат на документ со цел да добијат бугарски исправи.momce kidnapirano nasilstvo

Но, тука се појавиле извесни недоразбирања и проблеми, зашто тетовците побарале едниот од нив да склучи брак со бугарската државјанка.Таа не се согласувала со тоа. Тогаш еден од тетовците извадил нож и му се заканил на сопругот дека ќе го прободе, така што го потпишалe документот, по што двајцата ги однесле во хотел и за да не избегаат и ја одзеле личната карта и 150 лева.

Подоцна тие успеале да избегаат од хотелот и со автостоп да пристигнат до наплата рампа Глумово, а потоа го пријавиле случајот во Полициската станица Ѓорче Петров. Полицијата сега се обидува да ги идентификува и најде тетовците како и да се разјаснаст сите детали од слуачјот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1