Денеска е Св. Фануриј, кажете ја оваа молитва…


Светиот маченик Фануриј најмногу се славел во Македонија, Мисир, Родос и на островот Крит. За него скоро ништо не се знае, ниту во кое време живеел, ниту кои му биле родителите, ниту од каде потекнува бидејќи неговото житие се изгубило. Се знае дека кога Османлиите го зазеле островот Родос, се зафатиле со обновување на разурнатите тврдини. За тоа камења носеле од блиските урнатини и притоа откриле разурната црква и во неа мноштво икони, сите оштетени, само една била цела и била како да е скоро сликана.sveti-fanurij

Владиката на тоа место, еден свет и учен човек, дошол и причитал дека на таа икона пишувало свети Фануриј. Иконата била со лик на светителот и со сцени од неговиот живот. Било прикажано неговото мачење, по што владиката заклучил дека се работи за светец. Но кога побарал дозвола да ја обнови црквата бил одбиен. Упорниот владика отпатувал во Константинопол каде што добил таква дозвола, по што ја обновил разурната црква. Потоа црквата станала собиралиште на народот и оттука неговиот култ се проширил на поширок простор. Се случиле и многу чуда.

Останало запаметено во народното предание дека тројца млади свештеници што биле заробени од Агарјаните биле продадени како робови на островот Родос. Новите господари ги измачувале, а свештеницте откако разбрале за чудата на свети Фануриј деноноќно му се молеле да ги ослободи. Тоа го правеле тројцата без да знаат еден за друг, бидејќи биле кај различни господари. Се случило тројцата во исто време да добијат дозвола да одат во храмот и да се помолат на светителот. По молитвата пак се вратиле кај своите господари, а ноќта светителот им се јавил на Агарјаните и им заповедал да ги пуштат робовите, заканувајќи им се со жестока казна. Но тие помислиле дека се работи за некаква магија направена од свештениците, по што пак ги оковале и уште пожестоко ги измачувале. Но тогаш, свети Фануриј им ги симнал оковите, а на Агарјаните им се заканил дека ако не ги ослободат веднаш ќе ги стигне казната.

И навистина се случило нивните најмили да бидат ослепени и парализирани со ужасни болки. Тогаш господарите ги повикале свештениците да се молат за болните, по што пак свети Фануриј им се јавил и им се заканил дека ако не остават писма за ослободување на робовите нема да бидат излекувани. Дури откако во црквата оставиле такви писма биле исцелени и среќни ги ослободиле робовите и ги испратиле во нивната татковина. Тие пак откако направиле копија од иконата на свети Фануриј се вратиле дома славејќи го светиот маченик Фануриј.
Според друго предание мајката на свети Фануриј била голема грешница. Свети Фануриј го молел Господа за нејзино спасение. Кога настрадал за Христа, кога бил каменуван, тој се молел на Господа да ги помага сите оние што ќе се молат да спасение на неговата грешна мајка. Затоа христијаните во Мисир го молат Бога со молитвата: „Спаси ја господи мајката на св. Фануриј и помогни ми мене грешниот“.
На иконите, светиот маченик Фануриј е насликан како млад војник, во едната рака држи свеќа, а во другата крст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1