Ноќеска околу 00.50 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, го нарушиле Јавниот ред и мир со физички напад над А.Б. (41) од Скопје.
Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата.
После тоа А.Б. си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на бул.„Борис Трајковски“ го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајки му видливи повреди во вид на црвенило и расекотини на носот. А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.