Драма на Првомајска, им се обратил за помош, тие го претепале


Ноќеска околу 00.50 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, го нарушиле Јавниот ред и мир со физички напад над А.Б. (41) од Скопје.tepacka1-1-

Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата.

После тоа А.Б. си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на бул.„Борис Трајковски“ го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајки му видливи повреди во вид на црвенило и расекотини на носот. А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1