Делови од Центар останаа без струја по земјотресот во 15.10 часот.
Од ЕВН информираат дека прекинот на електрична енергија се случил бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита и дека ги вклучуваат оние трансформатори што им се на далечинско управување.
Телефонските линии на двата мобилни оператори се оптоварени.
По земјотресот престанаа да работат и семафорите во централното градско подрачје.
Граѓаните се излезени на улица и не се враќаат во своите домови од страв од нови потреси.
Затворени се и неколку трговски објекти бидејќи стоката е падната од рафтовите.