Доцнела на сопствената свадба, со тоа им го спасила животот на гостите


Една невеста во Грција задоцнила на венчавката и им ги спасила животите на сватовите бидејќи, додека надвор ја чекале, во црквата се срушил таванот, јави денеска атинската РТВ СКАИ.nevesta

Голем дел од таванот во саботата се срушил во црквата во селото Лаки, на островот Лерос, додека пред црквата младоженецот и 200 гости ја чекале невестата.

Сепак, од падот на таванот повредена е една жена.

– Невестата, за среќа, задоцни, инаку ќе се случеше трагедија – рекол претседателот на Општината Лерос Михалис Кољас.

Венчавката, на крај, сепак, се одржала, во дворот на црквата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1