Чифлиганец: Одговорно тврдам дека во Скопје се гради безбедно


Моментално во Скопје се гради добро и по сите прописи, истакна бизнисменот Ванчо Чифлиганец во Отвореното студио на ТВ Нова.

Заклучокот е оптимистички. Моментално во Скопје се гради добро по сите прописи, мислам дека градежната фела е на ниво и генерално не би требало да постои страв за евентуални оштетувања, повреди и жртви. Во Скопје се живее безбедно“, вели Чифлиганец.cifliganec-1-640x371

Тој додаде дека паниката кај луѓето е оправдана, па овие денови оние кои купуваат станови се интересираат за статиката.

„Продадовме станови во висока зграда овие денови. Треба да сфатиме дека земјата е немирна, жива, активна, темпераментна, планетата е жива 4 милијарди години и ја сочинуваат големи плочи. Македонија не може да биде надвор од тоа. Со овој проблем живеевме и до сега. Се поставува прашањето, дали ние градиме безбедно? Одговорно тврдам дека во Скопје се гради безбедно, имаме добра законска регулатива, особено после 1963-та. Градиме асеизмички повеќе отколку што во просек тоа го прават Европа и светот“, смирува Чифлиганец.

Тој додава дека по земјотресот од 5 степени немаме оштетувања на стамбените деловни објекти.

„Во Македонија ги имаме ИЗИС се занимаваат со истражувачка работа, имаме еминентен градежен факултет, големи фирми кои работеа по цел свет, а тој кадар репродуцирал помлад кадар. Она што се гради во Македонија, не се гради на друго место“, заклучува Чифлиганец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1