Хорор во Србија: Училишен автобус влета во куќа, две деца тешко повредени


Во судир на училиштен автобус и патничко возило, што се случи синоќа во белградската населба Бусија се повредени две деца.

Несреќата се случила кога автомобилот не почитувајќи ја сообраќајната сигнализација, удрил во автобус кој превезувал ученици.sudar-640x432

Две деца се повредени, при што едно момче (12) се здобило со потрес на мозокот, а на едно девојче (11) му се скршени сите предни заби.

Како што наведува очевидец, автомобилот кој предизвикал судир не запрел на знакот стоп и удрил во предното десно тркало на автобусот кој потоа се забил во блиската куќа при што е повреден и човек кој бил во неа.

Неофицијално имал скршени ребра од паднатите цигли и е во болница.

Со возила на брза помош повреденото момче е префрлени во ургентниот центар, а девојчето на Максилофацијалната клиника.

Несреќата да биде полоша, при судирот е пробиена водоводна цевка, па дел од населбата е поплавен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1