Сопствениците и вработените во македонска пекарница во Крагуевац, одлучиле посебно внимание да посветат на идните мајки, па бремените жени кои ќе го посетат овој ресторан може да добијат по еден бесплатен оброк дневно по нивен избор.
Покрај стандардниот избор на слатки и солени пецива, пекарницата „Кај Македонците“ нуди и специјалитети како на пример македонска пастрмајлија.
Оваа благородна идеја секако заслужува внимание и почит.