Вчеравечер околу 22,30 часот во ПС-Гостивар била пријавена експлозија на ул.„Панче Попоски“ зграда бр.2 во приземјето од станбениот објект. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници во приземјето било пронајдено пластично шише со непозната течност со остар мирис и парчиња од алуминиумска фолија.
За време на обезбедувањето на лице местото во непосредна близина од соседната зграда се слушнала уште една детонација, при што биле забележани две лица како со трчање се оддалечуваат.
Од страна на полициските службеници кои го обезбедувале местото биле преземени мерки за пронаоѓање на лицата. Истите се пронајдени и од извршената проверка на идентитетот констатирано е дека се работи за две малолетни лица на возраст од 16 години од Гостивар.
Против истите ќе бидат преземени мерки од областа на ЗППЈРМ.