Трагедија во струшко: Жена прегазена од автомобил додека го туркала за да стартува


Шеесет и две годишната М.Ш. од струшко Враништа вчера вечерта го загуби животот откако била прегазена од семејниот автомобил.policija kapi

Трагедијата се случила околу 18:20 часот во струшко Радожда кога М.Ш. и нејзиниот сопруг тргнале да си одат од домот на С.Г., информираат од полицијата. Нејзниот сопруг не можел да го стартува автомобилот „Фиат“, па им рекол на сопругата и С.Г. да го туркааат по нагорнината по близина за да го стартува возилото.

Во еден момент „Фиатот“ почнал да се враќа назад, а В.Ш. не можел да го сопре, бидејќи сопирачките не му работеле, по што жената била прегазена. Истата според информациите од МВР починала на пат кон струшката болница.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадена на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1