За семејната трагедија во која таткото, 41-годишниот Несад Ѓедовиќ, во својот автомобил прексиноќа ги уби своите две малолетни деца, а потоа изврши самоубиство, се огласи и мајката на жртвите.
Амра вчера стигнала во БиХ од Германија, и за смртта на своите малечки, седумгодишниот син А.Д. и 11-годишната ќерка М.Д. дознала од својата мајка.
Како што открива нејзиниот поранешен маж Несад со децата немал контакт од 3.јуни годинава.
-На првата средба што ја имаше со децата ги уби! – вели Амра видно потресена додека објаснува дека што дознала дека децата излегле до него, се обидела да ги контактира, но безбуспешно.
-Цел ден им се јавував, а ниту на еден повик никој не ми одговори. Ќерката во порака ми напиша дека купува нешто. Бев загрижена. Знаев дека тој е подготвен на се, зошто и на мене ми репетираше пиштол. Во 20:10 часот му се јавив на Несиба која не знаеше каде тој отишол со децата. Тогаш се загрижив. Повторно се јавував подоцна, но безуспешно. Немав информација за децата, вели Амра.
Загрижена сепак одлучила да тргне кон Босна.
-Откако дојдов во Австрија, мајка ми по телефон ми кажа за трагедијата што се случи. Овде дојдов жива, но како да не сум. Нека ми ја земат душата, јас веќе немам зошто да се борам. Цел свет знае дека патев со него 14 години, додава Амра со плачлив глас.
Во средата, околу 19 часот на регионалниот пат Липница – Ободница, таткото ги усмрти своите две деца и се обиде да се самоубие во сопствениот автомобил пасат.
Тој со тешка повреда на главата е сместен на Клиниката во Тузла.