Вчера околу 14:30 часот во Полициската станица Гостивар, 22- годишната Х.М. пријавила дека од страна на И.М.(32) со кого била во љубовна врска околу три дена била противправно држена во угостителски објект во Гостивар.
Таа последниот ден почувствувала здравствени проблеми при што од страна на И.М. била однесена во Медицинскиот центар-Гостивар каде и била укажана лекарска помош, а околу 01:30 часот вчера била оставена пред нејзиниот дом.
Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на И.М. како и целосно расчистување на случајот.