Драма во Гостивар: Дечко ја држел во заложништво својата девојка 3 дена во угостителски објект


Вчера околу 14:30 часот во Полициската станица Гостивар, 22- годишната Х.М. пријавила дека од страна на И.М.(32) со кого била во љубовна врска околу три дена била противправно држена во угостителски објект во Гостивар.siluvanje500

Таа последниот ден почувствувала здравствени проблеми при што од страна на И.М. била однесена во Медицинскиот центар-Гостивар каде и била укажана лекарска помош, а околу 01:30 часот вчера била оставена пред нејзиниот дом.

Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на И.М. како и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1