Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук деновиве се соочуваат со проблеми во пристапувањето. Страните тешко се отвораат, а тешко оди и прикачувањето на нови содржини. Проблем има и опцијата за пребарување, а утрово, некои корисници воопшто не можеа да и пристапат на „Месинџер“ опцијата.
Фејсбук вчера ја претстави новата платформа Messenger Lite, која претставува „полесна“ верзија на актуелната апликација за четување.
Од денеска во употреба е и апликацијата Marketplace која функционира како онлајн огласник на кој корисниците на Фејсбук ќе можат да купуваат и продаваат најразлични работи.
Дали зачестеното инсталирање на нови опции придонесе за намалување на функционалноста, се уште не се знае.