Малолетник нападнат со дрвен колец, со скршен череп итно пренесен во Ургентен


Полицијата вчера вечерта добила пријава за нарушен јавен ред и мир на улицата „Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на угостителски објект.kliniki- brza pomos urgenten

-Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш.(20) од Тетово и Л.С.(19) од с.М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале А.И. (17) од с.Желино, при што му нанеле тешки повреди во пределот на главата – пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактица, информираат од полицијата.

А.И. се упатил во Клиничкиот центар во Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата подоцна ги пронашла напаѓачите. Истите биле лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот.

-По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава, најавуваат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1