Пожар во Кисела Вода: Намерно запалена врата од стан


Ноќва во 01.32 часот во ПС Кисела Вода, Ј.В. (49) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.10 часот непознат сторител дошол до неговиот стан, во кој живееле Б.Д. (74) и Н.Д. (72), ја полил влезната врата и дел од скалите со непозната запалива течност, ја запалил и заминал во непознат правец.pozar333

Со пламенот била зафатена влезната врата која целосно е оштетена и дел од ламинатот во претсобјето, а зачадени се и влезната врата од соседниот стан, ходникот од зградата, прозорците од ходникот и оштетени се дел од скалите на истиот спрат.

Од екипа на БППЗ Скопје, пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1