Почна маршот под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, Маршот тргна од пред седиштето на СЈО преку Партизанска кон Собранието , кој треба да заврши пред Собранието на Македонија.
Граѓаните се движат во две колони по двата коловоза на Партизанска. Едната колона предводена од заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска носи плакат на кој пишува „Борбата продолжува“, а другата колона предводена од Заев носи плакат на кој пишува „Гласот победува“.
Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски е на чело на колоната на граѓанскиот марш заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.