Односот на Парис Џексон, ќерката на починатиот пејач Мајкл Џексон, со биолошката мајка Деби Роу, во текот на годините имаше подеми и падови. Иако поранешната сопруга на Мајкл Џексон во текот на разводот се откажа од старателството, но и од гледањето на децата – ќерката Парис и синот Принс, по смртта на кралот на поп-музиката мајката и ќерката се зближија, сè до пред една година кога го изгубија секој контакт. Но, тешката болест на Деби (57), која се бори со рак на дојката, пак ги поврза, а Парис на својот профил на Инстаграм со фотографија покажа колку нејзината мајка ѝ значи.
„Јас сум борец, затоа што таа е борец. Те сакам мамо“, напишала Парис (18) во описот на фотографијата што ја објавила во знак на поддршка на нејзината борба со ракот.
Во мај медиумите објавија дека Деби боледува од рак на дојка, а поранешната медицинска сестра во борбата тргнала сама, бидејќи Парис не знаела за мајчината дијагноза. Деби во септември се подложила на хемотерапија и зрачење поради кои останала без својата коса.
Деби со Мајкл Џексон беше во брак од 1996 до 1999 година и му ги роди Парис и Принс. Тие се запознаа во времето кога таа работеше кај дерматологот кого Мајкл го посетуваше поради своето витилиго, а со кое се бореше од 80-тите години. Во текот на годините, Деби ретко ги гледаше децата, очигледно поради потпишаниот договор во бракоразводната парница, а по смртта на поп-легендата, мајката на Мајкл, Кетрин го презема старателството над Парис и Принс.
Вo текот на нивниот развод, Мајкл Џексон беше обвинет дека сексуално ги злоставува децата кои доаѓале на неговиот имот „Неверленд“. Во надеж дека ќе им помогне да го обвинат, Деби Роу се најде во улога на главен сведок, но таа го направи токму спротивното. На судот рече дека Мајкл е прекрасен татко и дека луѓето го искористуваат. Сето тоа му помогна да не биде осуден.
Парис во моментот е во врска со Мајкл Сnоуди кого го запознала на состаноците за анонимни алкохоличари.
Иако Кетрин Џексон се обидувала сè да направи за да ги одвои децата од нивната биолошка мајка, со текот на годините Парис, сепак, се зближила со мајка си.