Како да се сузбие стравот од земјотрес?


Серијата земјотреси што го потресоа Скопје, создадоа стравот и паниката кај голем број на граѓани. Стручните лица апелираат граѓаните колку што можат да се смират и да се избегнуваат социјалните мрежи оти преку нив најмногу се шират дезинформации и паника и да се продолжи со секојдневното функционирање. zemjotres-begaj

– Ако некое лице не се чувствува безбедно на некое место, не треба со сила да се тера да оди таму. Треба да биде на место каде што ќе биде поспокојно, вели професорот. Но, ако таквата состојба потрае и по смирувањето на ситуацијата, тогаш може да стане проблематично.

– Нека ги забележи препораките на лист хартија која ќе му биде на дофат за во случај на земјотрес да може да прочита што треба да преземе. Не треба да паничи и да бега. Некој кој живее на осми спрат може повеќе да се повреди бегајќи отколку кога би останал во својот дом

Pорака до родителите да внимаваат како се однесуваат пред своите деца, не треба стравот да го пренесуваат кај нив, а наставниците да не ги пуштаат децата дома кога ќе се случи нов потрес, туку да зборуваат со нив.

– Скалите, лифтовите и терсите треба да се избегнуваат во зградите, да се затане до некој носечки столб, во аголот на собата, под некои големи парчиња мебел, да се сокријат под маса. Тоа се советите на стручните лица. Чувството дека ние сепак можеме да ја контролираме ситуацијата и да направиме нешто, ќе ни даде доза на смирување.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1