Апел кој ќе ви го крши срцето: Полицаец повикува на погреб на напуштено бебе


Полицискиот инспектор кој ја водел конференцијата за новинари во вторникот за мртвото бебе пронајдено крај пат, на кое не му е откриен идентитетот ниту потеклото, се скрши и низ солзи едвај ги повика граѓаните во поголем број да дојдат на погребот следниот вторник и достојно да го испратат несреќното девојче.inspektor-360x213-81672

Притоа, уште еднаш ја повикал мајката на бебето да се јави.

-Не сте во неволја, и сакаме да ви помогнеме, се уште не е доцна да дојдете на погреб или барем да се јавите да кажете дали има некои верски или други обреди што треба да му ги направиме на девојчето, рече инспекторот Џим Холмс.

Бебето беше пронајдено во март во Марстон во Оксфорд. Холмс го викал девојчето Ријана „небесен цвет“, а месеците истрага покажале дека детето е родено мртво, па фрлено крај пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1