Ахмети до Хан: Нема време за нови закони за СЈО


Нема време за нови закони, бидејќи за тоа треба да се прават и нови договори, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јохенс Хан, одговарајќи на прашањето дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.han333

„Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори“, изјави Ахмети.

Хан, пак, за средбата со лидерот на ДУИ се огласи веднаш на Твитер со порака дека „имале сеопфатен разговор за условите што треба да се исполнат за веродостојни избори, за реформските приоритети и за помирувањето“.

По средбата со лидерот на ДУИ, еврокомесарот замина на средба со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во седиштето на СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1