Трикратниот шампион во формула 1 Ники Лауда вечерва ќе претстојува во Македонија. Неговото присуство како бренд амбасадор е по повод отворањето на нов дел на Казиното Фламинго во Гевгелија. На оваа свеченост ќе биде присутен и амбасадорот на Република Австрија во Македонија.
Лауда е трикратен шампион во формула 1 (1975, 1977 и 1984). Во својата кариера има 25 победи и по 24 пол позиции и најбрзи кругови.
Белег на неговата кариера е и инцидентот на трката во Нирбургринг во 1976 година кога неговиот болид се запали.