Доналд Трамп сексуално нападнал новинарка со македонско потекло


Уште една жена собра храброст и кажа дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сексуално ја нападнал. Канадската новинарка со македонско потекло Наташа Стојноф објави дека во 2005, додека работела во магазинот „Пипл“, сегашниот републикански кандидат за претседател на САД Доналд Трамп сексуално ја нападнал доека имале интервју.

Таа за „Пипл” раскажува дека на 5 декември 2005 ја посетила брачната двојка Доналд и Меланија Трамп во нивната луксузна куќа во Мар-а-Лаго на Флорида за интервју по повод првата годишнина од бракот, а ДОналд ја искористил приликата и инсистирал да и го покаже имотот, особено една специјална соба.natasa-stojnofytj56u56u5-81933

– Влеговме во собата и Трамп ја затвори вратата зад нас. Се свртев, и за секунда Трамп ме притисна на ѕидот и ми го втурна јазикот до грло. Јас сум висока девојка, порасната во тепачк со двајца огромни браќа. Еднаш дури бев спаринг партнер и на Мајк Тајсон. Треба многу за да ме бутнеш. Но Трамп е многу поголем – надвиснат – и беше брз, ме фати на изненадување и ме исфрли од рамнотежа. Бев благодарна кога долгогодишниот батлер на Трамп влета во собата минута подоцна, додека се обидував да се ослободам од неговиот стисок. Батлерот нѐ информираше дека Меланија веднаш ќе се симне и дека е време да продолжиме со интервјуто, пишува Стојноф за Пипл.

Вели дека во својата 20 годишна кариера, прв пат доживеала такво нешто и била шокирана.

„Знаеш дека ќе имаме љубовна афера, нели? Си била ли на стек кај Питер Лугар? Јас ќе те однесам. Ќе имаме љубовна афера, ти викам“. А ја потсетил и на озлогласената насловна на „Њујорк пост“ за време на неговата афера со Марла Мејплс: „Ти текнува, најдобар секс што сум го имал“, рекол Трамп. Потоа дошла Меланија и тој пак се претворил во вљубен сопруг, вели Стојноф и додава дека до сега молчела од страв.

Изминативе денови, неколку жени јавно излегоа со сведоштва дека Трамп сексуално ги нападнал, а тој уште повеќе ја разгневи јавноста со коментарот за Стојноф која го обвини за напад: „Не е точно дека сум ја бакнал или нападнал, мислам, види ја каква е!“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1