Убиен водачот на навивачката група Партизан, Александар Станковиќ – апсењето открива врска со црногорската мафија


Трагичен крај на еден бурен живот, како вовед за нова војна меѓу српското и црногорското подземје. Синоќа во Белград ладнокрвно е убиен водачот на навивачката група на Партизан, Александар Станковиќ. Изрешетан е со огнено оружје од возило во движење додека тој бил во своето Ауди во близина на централниот затвор во Белград. Приведен е еден од осомничените, а по уште неколкумина се трага. Министерот за внатрешни работи на Србија и објави војна на мафијата, но и на криминалните структури во полицијата.ubistvo-1

– Му објавуваме војна на овој вид криминал и во оваа војна влегуваме безрезервно. Сите кои имале контакт со овој вид криминал, помагале или организирале, ќе бидат исчистени од полицијата, изјави Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Стефановиќ не наведе за која криминална банда станува збор, освен дека се работи за најдобро организираната криминална банда, лоцирана во соседството.

Српските медиуми за нападот ја посочија злогласната црногорска организација Пинк Пантер, позната по филмските грабежи на накит во западните земји.

Водачот на популарните „Гробари“ Станковиќ важеше за еден од најголемите хулигани, но и нарко босови во Белград, за што беше осуден на пет години затвор.

Остана запаметен по инцидентот пред половина година, кога со уште тројца брутално го претепа обезбедувањето на директорот на Партизан, Милош Вазура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1