35 години ги проучувал сериските убијци и пронашол заеднички карактеристки


Според научно-правната дефиниција, сериски убиец е лицето што протвправно одземало два или повеќе животи, во одвоени инцидентни ситуации. Злосторства од сериска природа се голем проблем и за најискусните иследници, бидејќи речиси секогаш во овие случаи недостасува мотив.b3qktkqturbxy8yzmi4yme1odjhownkm2i0zmuyyzhhyzayytfhnjk3yi5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Но, криминолозите од целиот свет добија голема помош американскиот невролог Џим Фалон, кој по 35 години истражување, успеа да пронајде заеднички карактеристи кај сериските убијци. Тој ги проучувал мозоците на 70 осудени убијци од сериски карактер и тоа му помогнало да пронајде четири битни карактеристики, кои што можат да се најдат кај секој од нив.

Сите познати сериски убијци се од машки пол. Иако во литературата и филмовите можат да се пронајдат голем број на „монструми“ меѓу жените, сепак тоа злосторство во стварноста e резервирано за „посилниот“ пол. Според Фалон, за насилното однесување е одговорен генот МАОА кој го има само во Х-хромозомот. Овој ген мајките го пренесуваат на синовите, но жените се во преднот бидејќи имаат по два Х-хромозома, па може да се компезира во случај на оштетување на генот.

Втората карактеристика присутна помеѓу сериските убијци е тоа што кај сите е дијагностицирано оштетување на мозокот. Најчесто се работи за повреди во делот на челото или кај слепоочниците. Иако Фалон не успеал да докаже дали поради овие повреди тие станале сериски убијци, сепак, тоа е докажана карактеристика и може да помогне при истрага, доколку медицинката историја на осомничените им е познатана иследниците.

Кај секој од нив е забележано и зголемено лачење на серотонин. Луѓето што го носат генот МАОА вообичаено лачат повеќе серотонин, за да се намалат ефектите на генот. Ова е малку чудно откритие, бидејќи од дејсвото серотонинот би требало личноста да е посмирена и поопуштена.

На крајот секој сериски убиец бил сведок на некое екстремно насилство. Ова е веројатно и најбитната карактеристика, во објаснувањето на природата на сериските убијци. Претходните три фактори веројатно нема да имаат никакво влијание врз одредена личност, доколку во младоста не била сведок на насилни сцени во семејство или во блиското опкружување. Неретко сериските убијци и самите биле жртва на екстремно насилство и тоа во најранливите години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1