Светски познатиот манекен почина на 28 години


Дилан Ридер, возач на скејтборд и манекен од Калифорнија, почина на 28 години од леукемија, пренесоа американските медиуми.

Дилан никогаш официјално не открил дека страда од оваа болест, иако постоеле такви гласини.

Неговиот менаџер објави дека манекенот починал опкружен со семејството и пријателите кои никогаш нема да го заборават.8182f9ecb7a87cd093f6005dde695837

Дилан Ридер се прослави благодарение на умешноста со скејтбордот, но беше и успешен манекен.

Со него соработувала и славната манекенка Кара Делавињ во кампањата за Дона Каран, а која му била и добра пријателка.

Кара изјави сочувство до семејството преку Инстаграм, додека легендарниот рокер Ози Озборн изјави дека Дилан бил еден од најталентираните и најхрабрите луѓе коишто ги познавал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1