Џенифер Лопез се спасила за влакно – Вооружени мажи пукале на сетот на „Нијанси сина“


Вооружени мажи упаднале вчера на снимањето на серијата „Нијанси сина“ во Њујорк, и почнале да пукаат во актерите и продукциската екипа, пренесоа светските медиуми.dzenifer-lopez--foto-profimedia-2_ff

Сајтот „Холивуд лајф“ пренесе дека ѕвездите на серијата Џенифер Лопез и Реј Лиота, за среќа, го избегнале инцидентот, бидејќи снимањето го напуштиле само неколку минути пред вооружените мажи да упаднат на сетот. Џенифер и Реј веќе биле заминати дома кога на снимањето на серијата во Бруклин во Њујорк упаднале вооружените мажи.

Меѓутоа, напаѓачите веднаш отвориле оган на продукциската екипа и на актерите кои се затекнале на лице местото, но за среќа, никој не страдал. Полицијата веднаш го затворила сетот и ги фатила напаѓачите.

Една од оние коишто се затекнале на лице местото е актерката Кетрин Катс, која за пукањето дознала додека се подготвувала за својата сцена.

– Две асистентки дојдоа во мојата приколка и ми рекоа што се случува, па ја заклучивме вратата. Се обидов да повикам полиција, но во тој момент напаѓачите почнаа да тропаат на мојата врата. Беше морничаво, бидејќи само неколку секунди пред тоа слушнав пукање – раскажала актерката и додала дека трагедијата од поголеми размери е спречена, бидејќи полицијата брзо ги фатила напаѓачите.

Џенифер Лопез во серијата ја глуми самохраната мајка и детективка Харли Сантос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1