ВМРО-НП предлага на гласачкото ливче да има можност „Не гласам за никого“


ВМРО-Народна партија предлага на гласачкото ливче покрај досега стандардно утврдените законски прописи за неговата форма и содржина, каде што стојат името и логото на политички партии и коалиции, задолжително да се додаде и можноста „Не гласам за никого“.ljubco-georgievski

ВМРО-Народна партија смета дека со оваа можност реално ќе се види колкав е бројот на граѓани кои не веруваат во ниедна политичка опција, а притоа ќе се одбегне можноста да бидат обележани дека не гласале, а со тоа и да не бидат изложени на притисок од големите политички партии. „Со ова големиот процент на неважечки ливчиња кој се движи помеѓу 3 – 4% од вкупниот број излезени гласачи, значително ќе се намали. Исто така, целосно ќе се елиминира и можноста, членовите на гласачките одбори при броењето на гласови со едно пречкртување на важечкото гласачко ливче да го претворат во неважечко, со што се има директно влијание на крајниот резултат на гласањето“, наведува партијата.

ВМРО-Народна партија укажува дека ваквата пракса долги години наназад успешно се применува во многу држави во Европа и светот при спроведувањето на изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1