Уапсените Срби во Црна Гора планирале апсење на премиерот Ѓукановиќ


Обвинителството во Црна Гора соопшти дека групата, која беше приведена под сомнение дека подготвувала вооружени напади кон крајот на денешниот изборен ден, планирала, исто така, да го уапси црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Директорот на црногорската полиција Славно Стојановиќ денеска потврди дека во текот на минатата ноќ биле уапсени 20 лица од Србија, додека за едно се уште се трага, поради сомнеж дека на територија на Црна Гора извршиле кривично дело создавање криминални организации и тероризам.policija crna gora

Полицијата претпоставува дека тие влегле во Црна Гора со намера денеска, кога во земјата се одржуваат парламентарни избори, да извршат напади врз државни институции, полицијата и претставници на власта, не исклучувајќи ја можноста и за напад врз високи државници.

Во соопштението на специјалното обвинителство се наведува дека групата формирала „криминална организација“ во текот на овој месец со цел „да изврши дејствија врз законодавната и извршната власт во Црна Гора“.

Обвинителството додава и дека групата планирала вооружен напад врз граѓани, кои веројатно ќе се соберат пред зградата на Парламентот по завршувањето на изборниот ден, како и против полицајци. Тие потоа планирале да влезат во зградата на Парламентот и да прогласат победа на „некои политички партии“.

Црногорскиот министер за внатрешни работи Горан Даниловиќ ги предупреди грашаните да останат во своите домови по соопштувањето на изборните резултати, наместо да прославуваат на улиците.

Постои опасност и дека е можно да избијат судири низ улиците на Подгорица меѓу приврзаници на опозицијата и власта по објавувањето на резултатите од изборите.

Според црногорската Државна изборна комисија до 15 часот излезноста била 48,21 отсто од гласачите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1